Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски вечерва имаше шанса да ја продолжи голгетерската низа за шкотски Абердин, но не успеа да реализира пенал за својот тим. Нашиот интернационалец изведе пенал во последната минута од првиот дел при водство за Ливингстон од 2:0, но голманот на домашните го одбрани неговиот удар.
Абердин во второто полувреме доби уште еден пенал, но тој успешно го претвори во гол неговиот соиграч Дук. Абердин загуби важни бодови во директниот дуел со Ливингстон кој сега се израмни на третото место со тимот на Миовски со по 22 бода.