Ракометарките на Данска го освоија првото место во групата „Б“, откако во третото коло од групната фаза ја совладаа селекцијата на Шведска со 25:23.
Победата се наѕираше уште на самиот старт кога одличната голманката Тофт и цврстата одбрана на данските ракометарки резултираа со висока предност од 5 гола разлика. До полувремето Шведска веќе беше на колена, откако нивните сосетки заминаа на пауза со 13:5.
Вториот дел продолжи со израмнета борба, но Шведска иако успеа да стопи дел о дпредноста во финишот на крајот не успеа да дојде до поволен резултат. Овие две селекции од првите две позиции одат во втората фаза, каде пласман обезбеди и Словенија.
Норвешка очекувано ја надигра Унгарија и ја совлада со високи 30:21. Со три победи Норвежанките се први во групата „А“, каде Хрватска заврши втора, а Унгарките на крајот се трети.