Нено во најдобрата петорка на колото во Русија

101

Македонскиот кошаркарски интернациоиналец Ненад Димитријевиќ се најде во најдобрата петорка на изминатото коло од првата кошаркарска лига на Русија.

Нено го водеше својот тим Уникс Казан до тешка победа против Минск на гости со 58:54, со свои 22 поени, три скока, три асистенции и 3 украдени топки.

Димитријевиќ одлично ја стартуваше својата авантура во тимот на Уникс каде е убедливо најдобар поединец и ја има најдобарата статистика во досегашната негова кариера.

 

ПретходноРистовска: Ќе се бориме како лавици против Романија!
СледноУтре Брегалница со Лазе Илиев на чело во Струга и премија од 10.000 евра