Ристовска: Ќе се бориме како лавици против Романија!

148

Романија е последна шанса за нашите ракометарки да се пласираат во главната фаза на Европското првенство кое се одржува во Скопје. Иако на ова натпреварување ја имаа аутсајдери, сепак „црвено-жолтите“ горат од желба да сторат нешто повеќе, сонуваат ова ЕУРО да трае подолго, па за утрешната средба најавуваат максимална борба.

„Благодарност за сите кои беа со нас на воведните две средби. Ние сме без искуство на вакви големи натпреварувања, имаме многу грешки во играта на првите две средби, кои мора да ги исправиме. Имаме уште еден меч, кој е важен за нас и верувам дека ќе направиме добра анализа и дека ќе покажеме повеќе. Мора да бидеме борбени како лавици до последната минута и да бидеме заедно. Романија ќе ни биде последна шанса во групата за такво нешто“, изјави Сара Ристовска, кој вчера беше прогласена за играч на мечот против Холандија.

Мечот со Романија се игра утре со почеток 18 часот.

ПретходноБлатер: Катар го доби Мундијалот поради купените француски авиони вредни 15 милијарди евра
СледноНено во најдобрата петорка на колото во Русија