УЕФА и преставниците на ТОП 5 лигите потврдија: „Но пасаран“ за Суперлига!

207

УЕФА и претставниците на најважните европски лиги, синдикатите на фудбалери и навивачи денеска на состанок во Нион потврдија уште еднаш дека се против проектот на формирање европска Суперлига.

Состанокот се одржа во седиштето на УЕФА по барање на А22 Спортс, кој неодамна го презеде „пропаднатиот“ проект на Суперлигата. Според агенцијата Хина, на состанокот учествувале претставници на англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А, германската Бундеслига и француската Лига 1, претставници на одредени европски клубови, синдикатот на играчи FIFPRO, како и претставници на Европската организација, но и преставници на навивачки групи.

УЕФА објави дека сите „заеднички истакнале дека нивното противење на самопрогласената Суперлига денес е исто толку силно како што беше во април 2021 година“.

„Учесниците беа изненадени од тврдењата на извршниот директор на A22 Sports дека нивната компанија не претставува ниту еден клуб во никакво својство, вклучително и трите клуба кои продолжија да го поддржуваат проектот. УЕФА и фудбалските чинители остануваат посветени на темелите на европскиот фудбал, кои се засноваат на отвореност, солидарност и вредности и им служат на пошироките цели на спортски принципи и општествени интереси, а не на себични и привилегирани“, соопшти УЕФА.

ПретходноНа Данска и требаше едно полувреме за победа, Норвешка пресилна за Унгарија
СледноБаерн го „торпедираше“ Вердер, но сите се загрижени за повредата на Мане (ВИДЕО)