Хит видео во Шпанија: Омилениот играч на Анчелоти, наместо голот – погоди нечија тераса!

1265

Фудбалерите на Реал Мадрид претрпеа шокантен пораз од Рајо Ваљекано (3:2) за кого настапува македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски.

Еден од омилените фудбалери на Карло Анчелоти имаше шанса на крајот од мечот да израмни и да освои бод за својот тим, но не беше прецизен. По изведениот корнер од левата страна, играчите на Реал, не успеаја да се заканат кон голот, а уфрлената топка се одби кон Уругваецот.

Валверде се обиде да постигне гол, топката заврши на трибината која не постои на „Валјекас“, удри во терасата од зградата зад стадионот.

ПретходноСелекторот на Холандија: Лазаров е најдобар играч на сите времиња
СледноЛуис Хамилтон стана почесен граѓанин на Бразил, причината за тоа е многу посебна