Баерн го „торпедираше“ Вердер, но сите се загрижени за повредата на Мане (ВИДЕО)

190

Фудбалерите на Баерн го совладаа Вердер со 6:1 во 14. коло од германската Бундес лига, но повредата на Садио Мане го стави во сенка конечниот резултат на средбата. Повредата на ѕвездата на баварците сигурно предизвика сериозна загрженост кај репрезентацијата на Сенегал.

На две недели пред почетокот на Мундијалот во Катар, Мане се повреди и беше заменет во 20. минута. Тоа беше кратко откако Чупо-Мотинг промаши пенал за домашниот тим.

Германскиот шампион уште во првиот дел водеше со 4:1, а во второто полувреме ја потврди победата со уште два гола.

Баерн повторно е лидер со 28 бодови, пред Фрајбург кој има 27.

Дуелот меѓу Штутгарт и Херта заврши со резултат 1:1, додека Бохум со 2:1 беше подобар од Борусија (М).


Standings provided by Sofascore

ПретходноУЕФА и преставниците на ТОП 5 лигите потврдија: „Но пасаран“ за Суперлига!
СледноМилан без идеја, Кремонезе извади реми (ВИДЕО)