Ги погодија минатите три шампиони: EA Sports знае кој ќе биде светски шампион во Катар?!

371

Можеби не сте знаеле, но EA SPORTS, компанијата која ја создаде познатата игра на ФИФА, погоди тројца претходни освојувачи на  Светското првенство. Во пресрет на Мундијалот во Катар, истата оваа компланија повторо излезе со своја прогноза за тоа кој ќе се искачи на светскиот трон.

Со помош на симулирање на сите натпревари на ФИФА 23, најпопуларната фудбалска симулација, EA Sports тврди дека нов светски шампион ќе биде Аргентина, а во финалето ќе гледаме вистинска јужноамериканска фудбалска класика против селекцијата на Бразил.

Третото место им се предвидува на Французите, кои треба да ја победат Португалија во мечот за третото место. Според прогнозата, Србија не би ја поминала ни групата, а заедно со Бразил во следната фаза од оваа група би отишла и Швајцарија.

Лионел Меси би бил најдобар играч и најдобар стрелец на турнирот со осум гола на седум натпревари.

ПретходноДиректорот на Севиља со навреди кон Бетис: Го „цицате“ 20 години
СледноЛегенда на Ливерпул се кандидира за селектор на Северна Ирска