Двајца од повредените во Јуве се вратија на тренинг

85

„Болницата“ во таборот на Јуве се намали за двајца. Огромен број на фудбалери од тимот се надвор од теренот поради здравствени проблеми, но сега има добри вести од Торино на оваа тема.

Станува збор за играчите од средниот ред Леандро Паредес и Вестон Меккини. Обајцата беа дел од денешниот тренинг на Јуве и се очекува да му бидат на располагање на тренерот Масимилијано Алегри за претстојната пресметка со Верона во неделата. Утре се очекува да се приклучи и Моисе Кин.

Сепак, состојбата на Душан Влаховиќ се уште останува нејасна. Тој се соочува со повреда на препоните поради која не настапи на последните три натпревари на тимот. Во оваа фаза тој се уште не ги продолжил нормалните тренинзи и не се знае дали ќе може да игра повеќе пред паузата во лигата.

ПретходноИзмени во распоредот на Премиер лигата за следната сезона
СледноСенида воодушевена од изведбата на Кики и Еурека на отварањето на ЕУРО 2022 (ВИДЕО)