Димитриевски за Спортмедиа: Први сезонава го имаме „скалпот“ на Реал, но за мене најголем триумф сепак е против Барселона

1452

Шпанската јавност на широко денеска пишува околу првиот пораз на тимот на Реал Мадрид сезонава. Синоќа „Кралевите“ загубија од Рајо Ваљекано, за кого на голот стандардно беше нашиот репрезенативен чувар на мрежата, Столе Димтриевски.

Тој денеска специјално за Спортмедиа ја прокоментира средбата, и првиот пораз на актуелниот бранител на титулата во Лигата на Шампионите, но и во Примера. Рајо е мал клуб како што вели Столе, но со големи амбиции и жечба да се успее.

„Благодарам на честитките еве од утринава „врие“ телефонот. Секако дека годи кога ќе го победиш Реал Мадрид. Сезонава имам еден „clean sheet“ против Барселона,  имавме и успеси против тимот од Ноу Камп. Секако дека ова е голема победа за нас, но ако ме прашувате околу тоа која е најголема победа за мене во дресот на Рајо, би се определил за онаа против Барса. Две победи и реми против тој клуб е нешто навистина сериозно“ – вели Димитриевски за Спортмедиа па додава.

Први го имаме „скалпот“ на Мадрид

Реал немаше пораз досега. „Газеше“ на сите полиња, и ова реално е прв кикс на овој тим и доказ дека „Кралевите“ сепак се ранливи сезонава.

„Од друга страна пак, Реал Мадрид е актуелен бранител на титулата во Лигата на Шампионите, во Примера, и се до овој дуел немаше загубено меч. Токму Рајо е тимот кој ја има првата победа против Мадрид сезонава. Ние сме мал клуб но со голема желба и амбиција да се успее. Нам ни беше приоритет пред стартот на сезоната, а и сега 40 бода од 40 мечеви, односно обезбедување на опстанок. Се плус од тоа е за нас успех“ – истанува нашиот репрезентативен голман па поентира

Ред е со Рајо и да излезам и во Европа

Димитриевски долго време е дел од тимот на Рајо. Мина се и сешто со него но очигледно има една неисполнета желба.

„Сепак, колку и да мора да стоиме цврсто на земја и да не „летаме во облаци“ поради оваа победа над Реал Мадрид, сепак, лично искрено посакувам по неколку сезони минати во дресот на Рајо, редно е јас лично да се израдувам на настап во Европа со овој клуб“ – ни рече Димитриевски.

 

ПретходноЧави: Јунајтед е најлошото кое можевме да го посакаме!
СледноКузманов фаворит за клупата на Брегалница