Легендарниот Двајт Хауард одлучи да игра во Тајван

158

Американскиот кошаркар Двајт Хауард пред само неколку денови ги понуди своите услуги на Голден Стејт Вориорс, а набргу одлучи да потпише со клуб од Тајван. Искусниот НБА кошаркар (36) во наредниот период ќе биде член на екипата Таојуан Леопардс, а детали од соработката не се соопштени.

Тука сум да ги воодушевувам навивачите, да ја пробам локалната храна и да си поминам убаво. Секако и да ја освојам титулата“, напиша Хауард кој имаше импресивни резултати беше шампион со Лејкерс во 2020 година и осум пати учествуваше на Ол Стар натпреварот.

Двајт играше и за Орландо, Хјустон, Атланта, Шарлот, Вашингтон и Филаделфија.

ПретходноБисерот на Рома ја одби можноста да игра на СП, чека повик од Италија!
СледноБенфика и Руи Коста тргнале да го купат Елмас, но биле одбиени од Наполи