Лука Дончиќ постигна кош со рамо (ВИДЕО)

269

Лука Дончиќ продолжува да импресионира со своите настапи во дресот на Далас Маверикс оваа сезона, но она што го направи синоќа непосредно пред почетокот на натпреварот против Бруклин Нетс остави многумина без зборови, иако сме навикнати Словенецот да прави чуда на кошарката.

Дончиќ веќе некое време се обидуваше да изведе неверојатен потег за време на загревањето и конечно му успеа синоќа, а не е ни чудо што видеото на крајот стана хит на социјалните мрежи.

Дончиќ уште еднаш покажа дека навистина е голем мајстор и дека речиси на секој начин може да ја испрати топката во кошот, а овој пат тоа го направи откако ја удри со рамо.

Навивачите во салата беа воодушевени од мајсторијата што ја изведе Словенецот на загревањето, а и самиот Дончиќ беше изненаден што топката заврши во кошот.

ПретходноМакедонија од денеска комплетна – се приклучуваат Ѓуроски и Симиќ!
СледноЏани Алиоски во центарот на вниманието, го искуба својот соиграч (ВИДЕО)