Од Пелистер уверуваат: Одиме по добар пат, a имаме уште 20 кола и ништо не е загубено

473

Пелистер сезонава игра во Втората лига но не е доминантен и засега доцни во однос на лидерот Вардар осум бода. Битолчани имаат три порази, а пред неколку денови загубија на гостувањето кај Караорман.

Од клубот испратија соопштение до јавноста за да ја прикаже моменталната состојба. Тие се убедени дека организационо се на добар пат и дека наскоро ќе дојдат и резултатите.

Соопштение упатено до Битолската јавност.

Почитувани

Летово клубот го превзеде Општина Битола во многу лоша состојба. За кратко време се стабилизиравме, се исплатија четири заостанати плати и се склучија договори со физички и правни лица. Единствен финансиер е Општина Битола и градоначалникот д-р Тони Коњановски. Летово постигнавме десет договори со проверени прволигашки фудбалери. Од нив осуммина се битолчани. Паралелно поставивме координатор во младинската школа и ангажирани се четири нови тренери со кои се подобри тренажниот процес. Таму резултатите веќе се видливи. Организационо клубот е на добар пат, но ова е долг процес. Резултатите на сениорската екипа не се на посакувано ниво, но имаме уште дваесет кола и ништо не е загубено. На проблемот пристапуваме професионално и без емоции. Во моментов ни треба мобилност и сплотеност, никакви кадровски промени не се предвидени пред зимската пауза. Ни остануваат уште четири кола, во кои очекуваме четири победи. За време на паузата ќе направиме сериозна анализа и тогаш се можни кадровски промени во зависноист од крајниот пласман на есенскиот дел од шампионатот.

Нема да се предадеме, одиме уште посилно до остварување на целта.“, ви го пренесуваме во целост соопштението на Пелистер.

 

ПретходноБенфика и Руи Коста тргнале да го купат Елмас, но биле одбиени од Наполи
СледноСловенија во следна фаза, Србинките си одат дома, Хрватска со гол во финишот извлече реми