Фудбалерите на Реал Мадрид претрпеа шокантен пораз од Рајо Ваљекано (3:2) за кого настапува македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски.
Еден од омилените фудбалери на Карло Анчелоти имаше шанса на крајот од мечот да израмни и да освои бод за својот тим, но не беше прецизен. По изведениот корнер од левата страна, играчите на Реал, не успеаја да се заканат кон голот, а уфрлената топка се одби кон Уругваецот.
Валверде се обиде да постигне гол, топката заврши на трибината која не постои на „Валјекас“, удри во терасата од зградата зад стадионот.
Brooo i would die of happiness if Valverde kicked the ball into my balcony 😂😂😂 pic.twitter.com/UnpjOTCd4E
— WolfRMFC (@WolfRMFC) November 7, 2022