Чави: Јунајтед е најлошото кое можевме да го посакаме!

160

Барселона и Манчестер Јунајтед ја формираа најсилната двојка од плеј-офот за осминафиналето на Лига Европа.

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез ја коментираше ждрепката, која го спои неговиот тим со Јунајтед.

„Кристијано Роналдо е одличен играч. Тој одбележа фудбалска ера и се уште може да направи голема разлика“, смета тренерот на Барселона, кој потоа продолжи:

“Ждрепката повторно ни го даде најтешкиот противник, како во групната фаза од Лигата на шампионите. Среќата не беше на наша страна. Манчестер Јунајтед е историски клуб и голем противник, најлошото што можеме да го посакаме. Имаат одлични поединци , но би го истакнал тимот, добро ќе се подготвиме и ќе го анализираме противникот“.

Во продолжение, тренерот на каталонскиот гигант потенцира дека премиер-лигашот на чело со Тен Хаг игра подобро.

“Не се работи само за Кристијано. Ќе се соочиме со тим кој многу се подобри под водство на тренерот Ерик Тен Хаг. Тие се историски клуб. Тие ќе ја имаат истата потреба да победуваат како и ние”, изјави Чави, чиј тим заврши на третото место во групата Ц од Лигата на шампионите зад Баерн и Интер.

Првите плеј-оф натпревари за осминафиналето во Лига Европа ќе се одиграат на 16 февруари, а домаќини ќе бидат клубовите кои дојдоа од Лигата на шампионите. Реваншот се игра една недела подоцна.

ПретходноЛуис Хамилтон стана почесен граѓанин на Бразил, причината за тоа е многу посебна
СледноДимитриевски за Спортмедиа: Први сезонава го имаме „скалпот“ на Реал, но за мене најголем триумф сепак е против Барселона