Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски предмалку и официјално го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за следните два пријателски мечеви кои ќе ги одиграме на домашен терен. Ни гостуваат Финска на 17 ноември од 18.00 часот односно Азербејџан на 20. од 14:00 часот. И обата меча се играат на Арената Тодор Проески.
„Не можеме да бидеме комплетни но некако се навикнавме на тоа. Не можеме да ги имаме најдобрите, но мора да се изменаџира таа ситуација. Адеми повторно нема да е со нас, има истегнување на задната ложа. Чурлинов, Костадино и Илиев полека се враќаат од повреди. Велковски и Трајковски се тука, но Велкоски веќе две недели не е во тренажен процес. Дополнително со тестови ќе се види колку е подготвен. Трајковски сега почна со подготовки ќе видиме и со него каква е ситуација“ – изјави селекторот Милевски, па додаде.
„Илија Несторовски ќе видиме во каква ситуација е и форма по повредата, а Миовски и Ристовски во моментов се во подобра форма од Доријан Бабунски. Затоа се повикани, а тој не е. Дел од оние кои не беа тука со нас во септември, ја подобрија формата и затоа се тука. Од оние фудбалери кои се дел од домашниот шампионат, а беа повикани за мечот против Саудиска Арабија дел сум задоволен дел не. Оние кои се тука се во предност затоа што задоволиле на тој дуел, дел не. Останатите мора да ја подигнат својата форма. Ниту еден собир го немавме тимот кој го посакуваме. Да, ова е последниот термин пред почетокот на квалуификациите. Од самите фудбалери зависи дали транзицискиот период на оваа репрезентација е завршен или не“ – додаде нашиот селектор.
Ракип кажа дека не се чувствува добро во репрезетативниот камп
„Прашањето околу Ердал Ракип го чекам неколку месеци. Кога еден играч ќе ви каже дека не се чувтвува добро во репрезентативниот табор, тогаш има нешто на што ние не можеме да влијаеме. Едноставно, тоа е нешто кој што еден играч мора сам да го пронајде во себе“ – изјави селекторот околу интернационалецот во Малме.
Теренот? Мораме да овозможиме најдобри услови за репрезентативците
„На прашањето околу квалитетот на теренот, едноставно не знам што би изјавил. Ако во 2022 година мора да се разговара за квалитет на терен, најосновото нешто во нашата бранша, тогаш…. нека се замислат сите дали овие фудбалери ги имаат најдобрите услови за да го дадат максимумот. Она што се бара од нив, и она што се подготвени да го дадат. Затоа јас немам што да им замерам по секој домашен меч. Зошто ние играме подобро на гостиски терен? Дали сте се запрашале. Во ова прашање ќе пронајдете многу одговори“ – порача селекторот.
Голмани:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);
Одбрана:
Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Кире РИСТЕВСКИ (Пјуник, Ерменија), Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска);
Среден ред:
Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија), Давид БАБУНСКИ (Мезекевешд, Унгарија), Бобан НИКОЛОВ (ФЦСБ, Романија), Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија);
Напад:
Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија), Илија НЕСТОРОВСКИ (Удинезе, Италија);