Мицевска: Искуство кое многу ќе ни значи, имавме прекрасни навивачи

79

Македонската ракометна репрезентација со три порази во исто толку одиграни натпревари го заврши ЕУРО 2022. Добро го почна дуелот со Романија, одлучувачки за главната фаза, но падна во второто полувреме, доволно  за да една селекција како Романија искористи.

„Јас прво би сакал да посакам на секој спортист да почувствува учество на еден вака голем настан на домашен терен, искуство кое навистина многу ќе ни значи. Имавме феноменална поддршка со прекрасни навивачи, но, за жал, ете и покрај силните желби не успеавме да се пласираме во главната фаза од првенството. Одбраната на цело првенство ни беше на повисоко ниво од нападот, но ете недостасуваше целината на крај за да дојдеме до целта за повисок пласман“, изјави Јована Мицевска.

ПретходноЧиста десетка за Фалангата, со громогласен аплауз ги поздрави ракометарките (ВИДЕО)
СледноМекиќ: Фаворити сме со Норвешка, тоа треба и да го покажеме на терен