Омер Буњаку – директорот на Шкупи: Се срамам од постапката на дел од навивачите!

2890

Голем инцидент, прекинато беше големото дерби меѓу Шкупи и Шкендија. Тепачка, влегување на „шверцерите“ на терен и напад на дел од гостинските играчи.

May be an image of 4 people, beard, people standing and text

По повод сите тие настани поврзани со прекинот на Чаир, на својот ФБ профил се огласи и директорот на Шкупи, Омер Буњаку кој напиша:

Ова не е љубов кон клубот, групата, градот, нацијата…
Најостро ги осудувам сите кои влегоа на терен и се срамам од овие сцени што ги видов денеска на нашиот стадион со многу историја, традиција и култура.
Им благодарам на сите оние `шверцери` кои придонесоа да се смири ситуацијата.Ова е само фудбалски натпревар, не сакам ваква победа, куп или титула ако некој Албанец се повреди…
“.

ПретходноФФМ одлучи: Шкупи – Шкендија 0:3 (службено),тетовци во полуфинале, суспензија на Чаир!
СледноДалиќ го објави списокот на Хрватска за СП во Катар!