Црногорките ја совладаа и Полска, Радичевиќ постигна дури 12 гола!

310

Репрезентативките на Црна Гора ја запишаа и третата победа во групата Д, овојпат над Полска со 26:23 и со максимални четири бода ќе одат во втората фаза од натпреварувањето, кое се игра во Скопје.

Во последниот меч во Подгорица ја победија Полска благодарение на добрата игра во второто полувреме, а некогашната вардарка Јованка Радичевиќ постигна 12 голови од 13 обиди.

Полска има два бода, а вечерва играат Германија и Шпанија по што ќе се комплетира групата.

 

ПретходноДосега најдобра Македонија, но Романија оди во главната фаза на ЕП! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноБрука на Риека, изгуби од селски клуб и испадна од Купот