Англискиот репрезентативец и фудбалер на Челзи, Рис Џејмс потврди дека ќе го пропушти Светското првенство во Катар. Тој призна дека зборувал со селекторот Герет Саутгејт на кое му било соопштено дека не е подготвен за настап на Мундијалот.
„Скршен сум. Во моментот кога го повредив коленото знаев дека ќе биде тешко да заздравам на време на СП. Верував дека е возможно, но реалноста е друга. Работев напорно и знаев дека имам шанси да отидам на Мундијалот и да помогнам. Знаев дека има ризик, но јас бев спремен на тоа. Ќе се вратам наскоро, а на тимот му посакувам успех на турнирот“, изјави Џејмс.
22-годишниот фудбалер се повреди на мечот со Милан на 11 октомври, а од Челзи соопштија дека му се потребни најмалку осум недели за комплетно да заздрави.
Саутгејт ќе ги соопшти играчите кои ќе одат на СП во четврток, 12 ноември.