Манчестер Сити го доби дербито со Челзи во рамките на 3. коло од Лига Купот на Англија вечерва на „Етихад“ со 2:0. Во тврд меч во кој и двата тима почнаа со делумно подмладени постави, домашните со головите на Марез од слободен удар и на Хилијан Алварез дојдоа до предност која беше доволна за победа и место во следната фаза.
Ливерпул со многу променет состав во 90. минути не успеа да постигне гол против Дерби Каунти. Оние 0:0 го одведоа мечот на пенали кои „црвените“ ги добија со 3:2.
Лидерот во Премиерлигата, Арсенал ги заврши настапите во лига Купот откако вечерва на домашен терен беше совладан од Брајтон со убелдиви 3:1. Иако „топчиите“ први поведоа со голот на Нкетиа, гостите преку Велбек од пенал израмнија, а победата ја донесоа Митома и Лампти во вториот дел од мечот.
Елиминација доживеа и Тотенхем, кој загуби на гостувањето кај Нотингем Форест со 2:0. Њукасл, пак, на пенали обезбеди пласман вос ледното коло совладувајќи го Кристал Палас со 3:2. Во регуларните 90 минути беше 0:0.