Уште една добра партија на нашиот интернационалец Зоран Даноски во дресот на Радник Сурдулица. Имено Македонецот на гостувањето, во меч од 1/8 финалето во Купот на Србија, кај Раднички Белград постигна два гола за победа од 1:2 за неговиот тим и за пласман во следната фаза од ова натпреварување, односно за пласман во четвртфиналето.
Даноски ги постигна головите во 15. и 85.минута.