Дарко Илиески – Струга ТЛ: Денешниот меч со Брегалница за нас ќе биде како финале!

135

Денеска во Струга, во 13 часот, домашниот тим на Струга Трим Лум во меч од 1/4 финалето на Купот на Македонија ќе ја дочека Брегалница. Со оглед на тоа дека се игра еден натпревар, четата на стратегот Срѓан Зхариевски има голема шанса да се најде уште еднаш во полуфиналето во Купот, и тоа по третпат во својата историја.

Дефанзивецот Дарко Илиески вели дека противникот се респектира, но дека Струга ТЛ не крие дека сака победа и дека сака пласман во полуфиналето.

“Денешниот меч со Брегалница за нас ќе биде како финале, со оглед на тоа дека се игра само еден натпревар. Имаме квалитетен состав и верувам во своите соиграчи, се надевам дека на крајот ќе се радуваме. Играме на домашен терен, тоа за нас е мала предност. Добро го знаеме противникот, секако дека го респектираме, но очекувам со добра игра, победа и пласман во полуфиналето во Купот на Македонија ќе ги израдуваме нашите фанови“ истакна Илиески.

ПретходноДел од последните реченици на Пике во кариерата: Е**на срамота е тоа што го правиш!
СледноСкандал на ЕП, Србинките по елиминацијата обвинија: Словенија не снимаше цело време!