Жерар Пике со црвен картон ја заврши кариерата. Еден од најтрофејните фудбалери во историјата и симбол на Барселона, пред неколку дена објави дека се пензионира на крајот на годината. На последниот ден од 2022 година, Барселона игра градско дерби против Еспањол. Пике, по исклучувањето на гостувањето кај Осасуна, каде неговиот тим славеше со 1-2 во во 14. коло од Ла Лига, дефинитивно ја завршува кариерата уште пред тој меч.
Неговиот последен беше оној што воопшто не го играше. Откако судијата Хесус Гил Мансано го одбележа полувремето при водство на домашните против Барса од 0-1 во кое беше исклучен и Левандовски, Пике од клупата за резерви му пријде на судијата.
Судијата во записникот навел се што му рекол:
“Дали го видовте голот кој го постигнаа, а ти го призна. Ти си судијата што најмногу не е*е. Е**на срамота е тоа што го правиш. Да ти се н**ерам на твојата е**ана мајка, кучкин сине“.
El acta: Piqué expulsado por decirle al árbitro “eres el árbitro que más nos ha jodido con diferencia” y añade: “es una puta vergüenza, me cago en tu puta madre” #fcblive pic.twitter.com/1HQSiO3fbO
— Santi Ovalle (@santiovalle) November 8, 2022
Ова не е првпат Гил Манзано да му даде црвен на Пике во натпревар што тој не го игра. Истото го направи и на Ел Класико во април минатата година, кога Пике дојде да го критикува дека недоволно ја продолжил играта.