Денот „Д“ за Македонија, Романија последна шанса за главна фаза!

167

Денеска во Скопје се играат последните натпревари од групната фаза. Во фокусот е Македонија. Нашите ракометарки немаат право на пораз, доколку сакаат да се најдат во главната рунда, мора да ја совладаат Романија.

Ова е уште еден тежок дуел од низата на ова континентално натпреварување, Македонија е аутсајдер според сите параметри, но тоа пак не ја намалува желбата да одиграат лавовски, па дури и да прирадат изненадување.

Утринава во СЦ „Борис Трајковски“ имаа лесен тренинг, атмосферата е на високо ниво, сите се надеваат дека ќе имаат поддршка од публиката.

„Клучната разлика е тоа што Романија е поблиску до нашиот квалитет. Не се школа како што се Франција и Холандија и не играат брз ракомет. Сите се надеваме дека нашата шанса е Романија. Се надевам дека може да ни се посреќи да биде наш ден и да одиме на победа“, изјави Сања Дабевска. 

ПретходноЗа 100 денари бодрете ја Македонија против Норвешка и Данска
СледноИ официјално, Милевски со Несторовски против Финска и Азербејџан