Во сенка на големиот инцидент и прекин на Чаир, попладнево се одиграа и останатите три меча од 1/4 финалето во Купот на Македонија.
Во Струга домашниот состав на Струга Трим Лум успеа да ја победи Брегалница со 2:0 и со тоа да си обезбеди по третпат во својата историја пласман во полуфиналето. Стрелци а головите беа Малиќи во 2.минута и Шабани во 59.минута.
Познато е дека гостите ги водеше досегашниот помошник Илиев, откако завчера Илчо Ѓорѓиоски си поднесе оставка.
Во Ѓорче радост за “лавовите“. Со голот на Адама Самаке, Македонија ЃП ја совлада Академија Пандев со 1:0 и успеа да се најде во полуфиналето во Купот на Македонија.