Куп 1/4 финале: Мега – дуел на Чаир за уживање, Вардар на гости во Кратово, “лавовите“ на мегдан со “пандевци“

330

 

Денеска (13 ч) е ден за четвртфинале во Купот на Македонија. Денеска во Чаир сите патишта ќе водат кон стадионот на оваа скопска населба. Секоја чест за останатите натпревари, но кога играат Шкупи и Шкендија, е тогаш тоа е фудбал за уживање, за гурмани.

Ждрепката сакаше уште во оваа фаза да се сретнат фаворитите за пехарот, Шкупи или Шкендија, една од овие две екипи ќе отпадне.

Интересно, на последните седум мечеви меѓу Шкупи и Шкендија немало победник. Денеска нема да биде така, ако биде реми после 90.минута, тогаш победникот ќе се дознае по пенал – серијата.

За тоа што може да се очекува од страна на шампионот, свој коментар има Валид Хамиди:

„Верувам во нашиот тим, верувам во нашиот квалитет, играме пред своите фанови и очекувам победа и пласман во полуфиналето. Шкендија е квалитетен тим, тука нема никакви дилеми, но верувам дека ќе одиграме најдобро што можеме и дека ќе одиме во следната фаза во Купот“ потенцираше офанзивецот на Шкупи.

Шкендија денеска не ќе може да смета на тројца свои играчи, Бејтулаи, Дита и Билали. Сепак Шкендија има квалитет на Чаир да дојде до победа.

Тоа го мисли и голманот Костадин Захов:

„Не е тајна дека ова е дерби, големо дерби. Мотиви кај нас има до небо што се вели, имаме квалитет и сакаме победа, сакаме пласман во полуфиналето во Купот на Македонија. Порака до нашите фанови е да бидат трпеливи, да ја дадат поддршката и од дома, а ние ќе дадеме се од себе да победиме и да ги израдуваме“ посочи голманот на Шкендија.

Нема слика

Во сенка на овој дуел, во Струга истоимениот тим ја дочекува Брегалница која од завчера веќе не ја води Илчо Ѓорѓиоски.

Во Кратово се среќаваат Силекс и Вардар, некогашните гиганти во мак – фудбалот. Јасно е дека Силекс е апсолутен фаворит и поради фактот дека Вардар е второлигаш.

Во Ѓорче пак гостува А. Пандев каде што ќе и гостува на Македонија ЃП. Меч кој ќе донесе голема борба и голема неизвесност.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

СИЛЕКС – ВАРДАР

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ

*Во случај на нерешен резултат веднаш ќе се изведуваат пенали.

ПретходноБарса со играч помалку до голем пресврт во Памплона (ВИДЕО)
СледноДел од последните реченици на Пике во кариерата: Е**на срамота е тоа што го правиш!