Лече ја продлабочи кризата кај Аталанта, Рома нерешено против Сасуоло (ВИДЕО)

52

Фудбалерите на Лече направија големо изненадување вечерва совладувајќи ја на домашен терен екипата на Аталанта со 2:1, нанесувајќи им го на гостите третиот пораз во последните 4 меча во Серија А. Кризата која го зафати тимот на Гасперини, очигледно не заврши со поразот на дербито од Наполи, туку напротив продолжи и на дуелот на „Виа дел Маре“, каде домашните и се израдуваа на само втората победа оваа сезона.

Со головите на Баширото и Ди Франческо за само две минути (28 и 30. минута), Лече го најави изненадувањето, иако Аталанта успеа до паузата да намали на 2:1 со голот на Запата. Во вториот дел гостите се обидоа да дојдат до гол за израмнување, но не успеаја.

Рома одигра 1:1 на гостувањето против Сасуоло. Тами Абрахам ги доведе момците на Мурињо во водство, но домашните брзо израмнија на 1:1 преку Пинамонти. Римјаните имаат само една победа на последните четири средби.


Standings provided by Sofascore

ПретходноГичевска: Жално е што после десет години добивме шанса, а не ја искористивме!
СледноЧиста десетка за Фалангата, со громогласен аплауз ги поздрави ракометарките (ВИДЕО)