Мекиќ: Фаворити сме со Норвешка, тоа треба и да го покажеме на терен

118

Повратникот во нашиот национален тим, Адем Мекиќ откако поради повреда не ги одигра првите два натпревари против Данска и Словачка, сега повторно е во националниот состав за дуелите со Норвешка и Данска кои ќе ги одиграме во Гевгелија.

„Пред се, сакам да напоменам дека по подолга пауза многу ми е мило што сум назад во тимот и во репрезентацијата. Пред нас е очигледно тежок натпревар со делителот на првото место во групата заедно со нас, тимот на Норвешка. Се работи за сериозен тим со брза и сериозна кошарка, со самодоверба и слобода во нападот, предобро воиграна транзиција, но на нас е да ги оправдаме очекувањата и да го одбраниме домашниот терен. За нас е многу важен дуел овој со Норвешка. Спремни сме да го оправдаме, да кажам, донекаде, епитетот на фаворит и на домашен терен. Атмосферата во екипата е одлична и се надевам на победа“, вели Мекиќ.

Македонија утре од 19 часот во Гевгелија ќе го одигра дуелот со Норвешка, која како и ние почна со две победи во овие претквалификации.

ПретходноМицевска: Искуство кое многу ќе ни значи, имавме прекрасни навивачи
СледноMaнчестер Јунајтед казнет поради непримерно однесување на фудбалерите