По само неколку минути игра на Чаир, на мечот Шкупи – Шкендија од 1/4 финалето во Купот, мечот е пркинат.Се играше 9.минута кога Дашмир Елези постигна гол за Шкендија и со начинот на радување ги испровоцира домашните фанови, следуваше хаос на стадионот на Чаир. Влегоа на терен дел од „шверцерите“, имаше и тепачка, неубави сцени.
Брзо реагираше и полицијата, а мечот засега е во прекин.