Македонската женска ракометна репрезентација со три порази го заврши настапот на Европското првенство кое се одржува во Скопје. Битката за место во главната фаза ја доби Романија која славеше со 23-31.
„Честитки до Романија. Одигравме добар меч, имавме добра транзиција и добра одбрана. Среќен сум што во првото полувреме покажавме дека можеме да играме добро, во вториот дел проблем беше реализацијата, не бевме ефикасни. На целиот меч постигнавме 23 гола од 54 обиди. Игравме со срце, но пред мечот на девојките им кажав дека ако сакаме да победиме, ќе мора да дадеме 100% од себе, ако немаме реализација нема да успееме.
Ова е добра визија за тимот, во овој момент ќе мора да промениме многу работи и да се свртиме кон квалификациите за СП“, изјави Савевски.