Саздовска: Романките веќе се гледаат во главната рунда, но ние ќе им го замаглиме видот!

116

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (18 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра последниот меч од групната фаза. Во Скопје се познати два од три патници, последниот ќе биде подобриот од дуелот меѓу „црвено-жолтите“ и Романија.

Ова е уште еден сериозен противник, избраничките на Љубомир Савевски мораат да ги намалат грешките, поточно сите оние неискористени шанси на претходните два натпревари. Мора да бидат трпеливи, само така ќе стигнат до посакуваната победа за продолжување на ЕУРУ 2022 година.

„Романија  е сериозен противник исто како Франција и Холандија. Мора да ги намалиме техничките грешки, не смее да имаме промашени зицери. Од прва до последна мора да го сфатиме овој меч сериозно.

Искрено Романија се гледа понатаму, но ќе им го замаглиме видот. Мора да ја  искористиме шансата во подцнежната фаза од мечот, да се држиме рамо до рамо со нив. Секој вовед е најава за текот на мечот, мора да бидеме внимателни, концентрацијата мора да биде на високо ниво, бидејќи паѓа мотивот.

Мора да учиме од грешките од претходните мечеви и најважно од се да уживаме во играта. Се надевам дека токму денеска ќе го покажеме нашиот квалитет, тие нерационални шутеви ќе бидат во мал број, а сите ќе превземеме одговорност“, изјави Јована Саздовска.

ПретходноСилекс подобар од Вардар во пенал – серијата за пласман во полуфинале
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА КФСМ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕВРОБАСКЕТОТ 2025