Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов постигна гол за екипата на МОЛ Види во унгарското првенство вечерва, но неговиот тим беше поразен на гостувањето кај Ујпешт со 2:1.
По водството на домашните од 2:0, Серафимов беше прецизен во 66. минута и успеа само да го ублажи поразот на неговиот тим. За МОЛ Види ова беше седмиот пораз сезонава, а Ујпешт со оваа победа се израмни по бројот на бодови со денешниот ривал.