Се вратија насмевките во Милано: Интер ја „прегази“ Болоња (ВИДЕО)

92

По двата последователни порази (еден во ЛШ и еден во Серија А), екипата на Интер вечерва на домашен терен ја „здроби“ Болоња со 6:1 во меч од 14. коло на Серија А. Гостите успеаја први да поведат со голот на Ликојанис во 22. минута, што се чини само ги налути домашните фудбалери кои возвратија со пеколна игра и многу голови.

Интер направи пресврт до полувремето, откако Џеко, Димарко и Лаутаро погодија за 3:1 со кои се замина на одмор. Во вториот дел голгетерската серија на домашните продолжи со нов гол на Димарко, погодок од пенал на Чалханоглу и првенец на Госенс за убедливи 6:1.

Фиорентина се намачи, но на крајот славеше над Салернитана со 2:1. Головите за „виолетовите“ ги постигнаа Бонавентура и Лука Јовиќ, додека за гостите прецизен беше Диа.

Во Торино, „биковите“ остварија уште една победа, овој пат против очајната Сампдорија. Торино на крајот славеше со 2:0 со погодоците на Радоњиќ и Влашиќ.


Standings provided by Sofascore

ПретходноШирер прогнозира: Англија нема да го помине четвртфиналето
Следно„Граѓаните“ подобри од Челзи, Ливерпул пројде на пенали, елиминација за Арсенал и Тотенхем