Нема сензација во Кратово. Второлигашот Вардар сепак не успеа да го победи Силекс во денениот 1/4 финален меч во Купот на Македонија. Имено кратовци беа подобри во пенал – серијата и се пласираа во следната фаза во Купот.
Откако по 90.минути резултатот беше 0:0, се премина на изведување на пеналите.
За Силекс погодија Ристовски, Љамалари и Стојчевски, додека Гачевски им ги одбрани ударите на Алиу и Цветаноски. За Вардар погодија само Мицевски и Маркоски, додека непрецизни беа Глишиќ, Ристески и Попзлатанов па така Силекс со 3:2 успеа да триумфира во овој напнат натпревар.