Скандал на ЕП, Србинките по елиминацијата обвинија: Словенија не снимаше цело време!

1017
Team Serbia, Slovenia vs Serbia, EHF 2022 Women's Euro - Slovenia, North Macedonia, Montenegro, Celje, Slovenia, 08.11.2022, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Словенија ја победи Србија со 27-24 во Целје во последното коло од групата Ц на Европското првенство во ракомет за жени. Со тој пораз Србија беше елиминирана од натпреварувањето, а по мечот револтирана српската ракометарка Јелена Лавко бидејќи Словенците наводно ги снимале српски тренинзи.

„Жал ми е затоа што досега имавме резултат 3:0 со Словенија на големите натпреварувања. Уште повеќе ми е жал кога противничката екипа снима тренинзи, каде што нема камери, туку се поставуваат мобилни телефони и ајпади да нè снимаат затоа што се плашат да не тепаат со четирите бекои што ги имаме.Не знам зошто повеќе да се зборува за ракомет и спорт“.

Повеќе детали за овој случај не се познати, освен дека ЕХФ го водел случајот внатрешно. На крајот, Шведска ја освои групата со шест бода, колку што имаа на крајот Данска и Словенија.

ПретходноДарко Илиески – Струга ТЛ: Денешниот меч со Брегалница за нас ќе биде како финале!
СледноСпортистките со солидарни пораки и поддршка за нашите ракометарки!