Селекторот на швајцарскиот национален тим Мурат Јакин го објави списокот од 26 играчи за Мундијалот во Катар кој ќе почне на 20 ноември. Изненадувачки во екипата е Денис Закарија од Челзи, кој сезонава има само еден меч. Играчот за врска дебитираше за „сините“ на дуелот со Динамо Загреб во ЛШ, а Јакин вели дека тој е 100% спремен за игра.
На списокот е и фудбалер кој има потекло од Македонија. Тоа е Ардон Јашари кој има 19 години и е роден во Швајцарија. Игра во средниот ред и тоа за Луцерн, а има македонски корени, поточно од Куманово. Инаку тој веќе запиша еден настап за А селекцијата на Швајцаријка и тоа во септември против Чешка во Лигата на нациите.
Тука се искусните Гранит Џака и Џердан Шаќири. Тука е и дебитантот Фабијан Ридер кој е член на Јанг Бојс.
Швајцарија е во групата Г со Камерун, Србија и Бразил.
ФОТО: Тwitter
Official. Switzerland name their squad for the World Cup. 🚨🇨🇭 #Qatar2022 #WorldCup2022 pic.twitter.com/giaoXiJn6F
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 9, 2022