Поранешниот англиски напаѓач Алан Ширер прогнозира дека Англија ќе испадне во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Избраниците на Герет Саутгејт стигнаа до полуфиналето на Светското првенство во Русија 2018 година и загубија од Италија во финалето на Евро 2020 на „Вембли“ минатото лето.
Англија би можела да се сретне со Франција во четвртфиналето, ако двете селекции ги освојат нивните групи и го поминат осминафиналето.
„Не гледам дека одиме толку далеку колку што прогресиравме на последните два турнири“, изјави Ширер.
„Мислам дека во однос на позициите во средниот ред и позициите напред, Саутгејт ќе биде сигурен, но во однос на дефанзивата, тоа е област за загриженост“, додаде тој.