Минатогодишниот финалист во Купот на Хрватска, Риека денеска за избрука на гостувањето во Бело брдо. Риека влезе како апсолутен фаворит во осминафиналето против БСК Бело брдо и доживеа пораз од 2:1 и ги заврши настапите.
Прволигашот поведе со голот на Лунета, а изедначи Токич во три минути подоцна, додека во 75 минута Пудиќ ја донесе победата на екипата која доаѓа од истоименото село во близината на Осиек со околу 2000 жители.
„Индекс“ пренесува дека тренерот на Риека, Серсе Козми по мечот останал да седи сам на стадионот размислувајќи за поразот. Тој не можел да си поверува дека тој и неговите играчи изгубија од екипа која се бори за опстанок во Втората лига.
Пред неколку денови Косми ги критикуваше играчите поради слабите резултати и изјави дека во тимот нема лавови туку пауни и најави големи промени по СП.