По она што се случи во 9.минута, кога по голот на Шкендија дојде до општи хаос на стадионот на Чаир, кога дојде до тепачка на теренот и до хаос на трибините, дел од домашните фанови влетаа на терен, мечот уште е во прекин. Прво гостите од Тетово го напуштија теренот, а потоа и домашните и сега сите актери се во соблекувалните.
Како што велат нашите информации мечот нема да продолжи. Сепак, да почекаме и на официјалниот став на делегатот и судијата Качевски.