Левандовски пропушта три меча, му се заканува „тешка“ казна!

411

Барселона во 14. коло во Ла Лига дојде до голема победа, славеше со 1-2 против Осасуна на гости со играч помалку и се издвои на врвот на табелата пред Реал Мадрид. На овој меч остана без Роберт Левановски, најдобриот стрелец со 18 гола во 19 одиграни меча оваа сезона.

Полскиот напаѓач може да биде надвор од терените повеќе од еден меч. За вториот жолт картон суспензијата е еден натпревар, но големиот проблем настана кога токму по вториот картон. Леванодвски со едниот прст го допираше носот покажувајќи кон судијата.

Ова може да се сфати дека „судијата“ смрди, што пак може да го чини дури три натпревари надвор од терените. Абитарот во својот записник навел: Играчот на Барселона кој е исклучен во два наврати направи гест со кој покажа дека не се согласува со одлуката на судијата.

Гестот се состоеше од допирање на носот со прст, а потоа покажување кон судијата. Кога го напушти теренот, го повтори гестот пред четвртиот судија и гледајќи кон помошникот.“Левандовски поради ова се соочува со суспензија од три натпревари или едномесечна суспензија.

Доколку Дисциплинската комисија му изрече поголема казна, Барселона ќе биде на три дерби мечеви без најдобриот стрелец и тоа против Еспањол дома, а потоа гостувањата против најдобрите тимови, Атлетико и Бетис.

ПретходноСпортистките со солидарни пораки и поддршка за нашите ракометарки!
СледноЗа 100 денари бодрете ја Македонија против Норвешка и Данска