Мирчевски и Даноски дадоа по два гола во Купот на Србија

189

Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски со два гола донесе победа на Бачка Топола над Железничар Панчево во Купот на Србија. Бачка се пласира понатаму, а Мирчевски погоди од пенал во 3. минута и во 32. минута.

Инаку сезонава Мирчевски одигра 13 натпревари за ТСЦ и има ефект од седум гола.

А Зоран Даноски ги даде двата гола во победата на Радник со 2:1 на гостувањето кај Раднички Белград. Прилепчанецот едниот гол го даде во првото, а другиот во второто полувреме за победа.

ПретходноШвајцарија со македонски фудбалер на СП 2022
СледноПолувреме: Ајде девојки, Македонија – Романија 12:13!