По „ВОЈНАТА“ на Чаир: Шкендија во полуфинале, а Шкупи го чека драконска казна и суспензија на теренот!?

3171

Откако и официјално се знае дека дербито од 1/4 финалето во Купот на Македонија, меѓу Шкупи – Шкендија, кое беше прекинато во 9.минута по голот на Дашмир Елези, денеска нема да се доигра, сега сите ќе бидеме во очекување на тоа што и како понатаму.

Имено по “ВОЈНАТА“ на Чаир, откако имаше тепачка на теренот, а домашните фанови влегоа на терен и се пресметуваа со гостинските играчи, сега се е во рацете на надлежните на ФФМ.

Правилата во овие случаеви велат дека Шкендија најверојатно ќе се најде во полуфиналето, откако службено ќе го добие овој натпревар а Шкупи го чека драконска казна. Исто така и теренот на Чаир ќе биде супендиран.

Сепак како што рековме, сега сите сме во очекување на одлулите на на надлежните лица во ФФМ.

ПретходноОфицијално: Мечот Шкупи – Шкендија нема да се доигра денеска, за тоа што понатаму ќе решава ФФМ! (ВИДЕО)
СледноКуп: Струга ТЛ ја “скрши“ Брегалница, во полуфинале и “лавовите“!