Полувреме: Ајде девојки, Македонија – Романија 12:13!

122

Македонија вечерва во „Борис Трајковски“ во Скопје, на третиот меч од групата – Ц, меч кој решава кој ќе оди во главната фаза на ова ЕП, по првиот дел против Романија има резултатски минус од само еден гол или 12:13.

Ова е најдоброто полувреме на ЕП за Македонија.

Почетокот беше нервозен од двете страни, првиот гол падна во третата минута откако и двете селекции не реализраа по неколку напади. Романките поведоа со 0:1, ние израмнивме, а гостинките во 7,10 минита поведоа со 1:3. Сепак од тој момент па во поголем дел од првиот дел ние имавме и резултатски егал, како 3:3, 5:5, 7:7, 8:8. Добра игра на нашата репрезентација во тие моменти, а Ристовска во 16,10 мнута со цепелеин израмни на 7:7.

Сепак треба да се каже дека и покрај добрата игта нашите девојки во одредени моменти премногу брзаа, и тоа непотребно, “гореа“ од желба што побргу да ги завршат акциите со гол.

Од 17,10 минута па во следните неколку минути Романија направи мини серија и поведе со 8:11 во 22.минута.

Штета. На 9:12 имавме и две ракометарки повеќе, и успеавме да постигнеме само еден гол, па уште еден по еден кикс на Романките и тоа за 11:12.

На крај на полувремето резултатот беше 12:13.

Што се однесува до стрелците, кај Македонија најефикасна беше Дабевска со три гола, по два постигнаа Саздовска, Гичевска и Ристовска, додека по еднаш погодија Ризоска, Јаневска и Маџовска. Кај Романките очекувано Неагу потроши многу топки, но и успеа да постигне 6 голови.

ПретходноМирчевски и Даноски дадоа по два гола во Купот на Србија
СледноПриведени тројца од „Шверцерите“ кои ги нападнаа фудбалерите на Шкендија