Шкендија како еден од нашите најголеми клубови започна со акција која е за респект. Имено се промовираат фудбалските школи на нејзините натпревари кога тие се играат на Градскиот стадион во Тетово. Па така акцијата започна со неделниот натпревар со А. Пандев, кога фудбалерите излегоа на терен не со дечиња од својата школа туку од школите на “Дарданет“ од Тетово и “Нераште“ од истоименото село.
Изборот го направи ПР тимот на Шкендија, а вакви акции ќе има и натаму и тоа во соработка со Детската лига за регионот на градот Тетово и Полог.
Убаво беше да се види радосните лица на дечињата кои беа во друштво на ѕвездите на клубот како Хасани, Захов, Дориев, Елези, Цуцули, Рамадани, Мурати и др.