Приведени тројца од „Шверцерите“ кои ги нападнаа фудбалерите на Шкендија

956

Тројца навивачи на навивачката група „Шверцери“ се приведени во полициска станица, прнесува порталот „СДК“ повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи откако на фудбалскиот натпревар Шкупи-Шкендија во Купот се случи тепачка. Дел од навивачката група „Шверцери“ ги нападнаа гостинските фудбалери на теренот на Чаир по што мечот беше прекинат.

ФФМ, односно Комисијата за натпревари веднаш реагираше теренот на Чаир е суспендиран, а за тоа колку мечеви Шкупи ќе мора да игра надвор од Скопје најмалку 100 км ќе решава Дисциплинската комисија.

ПретходноПолувреме: Ајде девојки, Македонија – Романија 12:13!
СледноДосега најдобра Македонија, но Романија оди во главната фаза на ЕП! (ФОТОГАЛЕРИЈА)