Швајцарија со македонски фудбалер на СП 2022

881

Селекторот на швајцарскиот национален тим Мурат Јакин го објави списокот од 26 играчи за Мундијалот во Катар кој ќе почне на 20 ноември. Изненадувачки во екипата е Денис Закарија од Челзи, кој сезонава има само еден меч. Играчот за врска дебитираше за „сините“ на дуелот со Динамо Загреб во ЛШ, а Јакин вели дека тој е 100% спремен за игра.

На списокот е и фудбалер кој има потекло од Македонија. Тоа е Ардон Јашари кој има 19 години и е роден во Швајцарија. Игра во средниот ред и тоа за Луцерн, а има македонски корени, поточно од Куманово. Инаку тој веќе запиша еден настап за А селекцијата на Швајцаријка и тоа во септември против Чешка во Лигата на нациите.

Тука се искусните Гранит Џака и Џердан Шаќири. Тука е и дебитантот Фабијан Ридер кој е член на Јанг Бојс.

Швајцарија е во групата Г со Камерун, Србија и Бразил.

ФОТО: Тwitter

ПретходноПотег за респект на Шкендија, се промовираат фудбалските школи од Полог! (ФОТО)
СледноМирчевски и Даноски дадоа по два гола во Купот на Србија