ВАР контроверзии во победата на Јувентус над Верона(видео)

222

Јувентус ја забележа петтата победа по ред во Серија А откако со 1:0 ја  совлада последнопласираната Верона. Мојс Кен го постигна единствениот гол по точно еден час игра. Со овој триумф екипата од Торино се искачи на третото место на табелата со бод повеќе од Лацио кој вечерва ќе игра со Монца.

Верона врза осум порази во првенството поради што се последни на табелата.

Мечот го одбележаа и сомнителни ситуации. Прво очигледна игра со рака на Данило за пенал на Верона кој судијата не го досуди. Потоа и опасна игра (народски кажано ѓон) на Бонучи во дуелот со Симоне Верди за кој судијата прво покажа пенал, но по ВАР снимка го отфрли откако процени дека стоперот на Јувентус дошол прв до топката и тоа на дозволен начин.

Наредниот меч на Јувентус е против Лацио на 13 ноември, а потоа следува пауза поради СП, па Серија А ќе продолжи на 4 јануари идната година кога Јувентус ќе игра со Кремонезе.

 

ГОЛОТ НА КЕН НА ОВОЈ ЛИНК

 

ПретходноКонечно: Тргната е блокадата, сега може да се коментира на ФБ на ФК Брегалница!
СледноКошаркарите во „налет“: Македонија ја декласира Норвешка среде Гевгелија (ФОТО)