Евролига: Партизан и Ц.Звезда со порази, и Ефес загуби во Мадрид

238

Бранителот на титулата Ефес доживеа пораз на гостувањето кај Реал Мадрид во Евролигата. Шпанците славеа победа со 94:85 и со тоа ја впишаа четвртата победа сезонава додека Ефес петтиот пораз односно трет по ред.

А Црвена Звезда загуби на гостувањето кај Фенербахче со 93:79. Кај Звезда најефикасни беа Холанд и Вилдоза со по 13 поени, додека кај Фенербахче Мотли броеше до 25 поени и плус имаше 10 скокови.

И вториот српски претставник доживеа пораз. Партизан падна во Пиреја во дуелот со Олимпијакос со 58:87.

РЕЗУЛТАТИ
ФЕНЕРБАХЧЕ – Ц.ЗВЕЗДА           93:79
РЕАЛ МАДРИД – ЕФЕС     94:85
АЛБА БЕРЛИН – БАЕРН    77:79
ОЛИМПИЈАКОС – ПАРТИЗАН     87:58
МАКАБИ ТЕЛ АВИВ – БАРСЕЛОНА       79:86
ЛИОН – ЖАЛГИРИС вечерва

ПретходноДанска ја доби битката со Унгарија во „Стожице“
СледноКрај на една ера: Играчите против својот тренер, Симеоне нема веќе авторитет во Атлетико Мадрид!