Конечно: Тргната е блокадата, сега може да се коментира на ФБ на ФК Брегалница!

1231

Откако Никола Тонев, досегашниот спортски директор на ФК Брегалница, доби отказ, сега може да се коментира на официјалниот ФБ профил на ФК Брегалница.

Пред неколку дена “Спортмедиа“ пишуваше за ступидната одлука, кој ли ја само донесе, да се стави блок на коментарите на ФБ профилот на ФК Брегалница, и тоа навистина личеше по малку, ако не и повеќе, на клуб во С. Кореја а не на македонски клуб, клуб од Штип каде ФК Брегалница е религија за сите фанови во градот под Исарот.

Но, сега веќе не е така. Сега го нема Тонев, а блокадата е тргната и сега секој може преку ФБ профилот на ФК Брегалница да си го искаже своето мислење за состојбите во клубот.

Ние не сме децидни дека токму екс – спортскиот директор дал таква наредба на администраторот на ФБ профилот, но интересно е тоа што откако го нема сега може да се пишуваат коментари.

ПретходноЕП: Словенија ја “торпедира“ Хрватска!
СледноВАР контроверзии во победата на Јувентус над Верона(видео)